Бугарскатавлада денеска треба да го определи износот на најниската плата за идната година.



Предлог еминималната плата од сегашните 510 да се зголеми на 560 лева (колу 280 евра) во 2019 година.

Грција

Минималната плата во Грција во моментов официјално е 586 евра, но во реалноста според податоците на Евростат е 684 евра, бидејќи вработените во Грција продолжуваат да добиваат 14 плати годишно.

Турција

Значителниот пад на вредноста на турската лира има значително влијание врз приходите. Во почетокот на 2018 година Турците добиваа минимална нето плата во износ од 1404 турски лири, (377 евра), но поради инфлацијата реалната вредност на платите е падната на 263 евра.

Вработените бараат минималната плата да биде зголемена до околу 2400 турски лири (393 евра) нето, додека работодавците нудат минимална нето плата од околу 1860 турски лири (305 евра).

Романија

Откако забележа највисокекономски раст од 7 отсто во рамките на Европската унија во 2017 година Романија започна 2018 година со зголемување на минималната бруто плата на 1900 леи (408 евра).

 Според податоци од март над 44 отсто или над 2.7 милиони лица добиваат минимална според нивниот договорите за вработување.

Србија

Просечната плата во Србија во моментов е меѓу 379 и 400 евра според официјалните податоци, минималната плата  е 213 евра.

Македонија

Просечната плата во Македонија е околу 380 евра, а со предвидениот раст на БДП од 3,2% се очекува во 2019 да има зголемување на платите во здравството, образованието и одбраната, како и во јавната администрација.

Минималната плата во земјата е 196 евра и е една од најниските во регионот.

Хрватска

Нето минимална плата од 2.752 куни или 371 евра.

Според податоците на Министерството за труд и пензиски систем, во моментов околу 37 000 лица во Хрватска добиваат минимална плата.

Словенија

Во јануари, бруто минималната плата во Словенија се зголеми за 4,7 отсто на 842,79 евра.

Босна и Херцеговина

Просечната месечна плата во Босна и Херцеговина е 888 конвертибилни марки или 444 евра, а минималната – 208 евра.

Косово

Социјалниот совет на Косово усвои предлогот од следната година минималната плата да биде околу 250 евра.

Извор: Vesti.bg

Црна Гора

Просечната нето плата во Црна Гора во октомври била 510 евра, а минималната е 193 евра и е најниска во регионот.