Вршителот на должност министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, изјави дека на 4 мај нема да има заедничко одбележување со Македонија на 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев.



Милков на прес-конференција објасни дека не е постигнат договор со соседот за тоа, иако имало таква пракса во претходните години, па Бугарија ќе се ограничи на чествувања за револуционерот на своја територија.

Тој ги предупреди бугарските граѓани што имаат намера да го посетат гробот на Делчев во Скопје дека би можеле да се соочат со проблеми, како при чествувањето на роденденот на великанот на 4 февруари годинава.