Некои во Србија, некои со надеж дека ќе се спасaт, ама Зaев и Филипче тоа не ги интересира. Срамното, бедното и нечовечкото однесување на режимот продолжува, реагираше денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
“Oва е новото Дубаи, oва е новото Мексико! Државата гори од епидемија и од погреби, а Венко Филипче и Зоран Заев си се возат на своите мотори” , вели резигнирано портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
“Ова се Зоран Заев и Венко Филипче, кои што денеска низ Македонија се возат со нивните скапи мотори. Режимот продолжува со одмор и релаксација додека Македонија погребува свои граѓани. Секојдневно над 30 граѓани се жртви на епидемијата и на негрижата на Режимот. Секојдневно има над 1400 новозаразени од ковид-19. Ама Заев и Филипче мува не ги лази и си уживаат во своите крстосувања со скапите мотори од по 30 и кусур илјади евра. Граѓаните очекуваат целосна заложба околу справувањето со епидемијата, додека очекуваат решавање на нивните проблеми, а Заев и Филипче без трошка срам си уживаат во убавото пролетно време. Ова е нивната релаксација”, порача Стоилковски кој не може да разбере зошто наместо Филипче и Заев да бараат вакцини од фармацевските компании, тие велат дека сè е под контрола и можеби ќе сме имале поголем бран следнава недела.
Стоилковски објавува фотографија од Заев и Филипче со двајца Битолчани на која се сликани во моторџиски униформи и се чуди како Филипче се качил на моторот заедно со неговиот шеф Заев “да се возикаат низ Македонија”.
“Луѓе умираат барајќи кислород, болниците се преполни, но тоа Филипче не го интересира. Филипче и Заев ги интересира угоден живот, ги интересира големи провизии, а граѓаните кој како ќе се снајде. Некои во Србија, некои со надеж дека ќе се спасaт, ама Зaев и Филипче тоа не ги интересира. Срамното, бедното и нечовечкото однесување на режимот продолжува”, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Фотографијата со Заев и Филипче со мотори ја објави битолски таксист. Владата денска не демантираше дека фотографијата е од деновиве.





