Во Македонија има повеќе активни пожари и на терен стотици пожарникари, полицајци, војници и граѓани волнотери кои активно учествуваат во нивно гаснење.
На социјалните мрежи има стотици апели за помош при гаснење на огновите но никаде го нема министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Тој денеска нема никаква изјава за медиумите ниту некаков конкретен пост за негово активности што предизвика сомнежи дали министерот кој е одговорен за најголем дел од потенцијалите за гаснење пожар воопшто е во земјава.
Последниот статус на Фејсбук на Спасовски е од утринава кога ја реобјави владината одлука од вчера за прогласување на кризна состојба.
Според неофицијални и непотврдени информации од неговото опкружување Спасовски денеска ја напуштил земјава и заминал во странство но не се открива каде точно се упатил.
МВР до вечерва во 18 часот не ја информираше јавноста каде е министерот Спасовски и дали тој заминал на одмор додека во земјава на десетици локации граѓаните со соочуваат со огнената стихија.
Негова последна фотографија на социјалните мрежи е со српскиот колега Вулин кого вчера го пречека во Скопје.
Денеска нема ниту една фотографија од негови активности на терен.
До вчера тој секојдневно објавуваше фотографии од настани во Македонија.
Само вчера на својот Твитер профил Спасовски објави фотографии од 7 настани.
https://www.facebook.com/261903973987233/posts/1975958555915091/






