Македонија горда на “Сребрениот олимписки шампион” од Бутел (ФОТО)

Скромното момче од од скопската населба Бутел Дејан Георгиевски не направи горди по огромниот успех на олимписките игри во Токио.



По борачот Мохамед Ибрагимов пред 21 година кој освои злато ова е вториот најважен медал за Македонија на олимпијадите.

Иако во финалето беше поразен од рускиот таеквондист Владислав Ларин, Георгиевски достојно ја претстави Македонија и донесе огромна среќа на нацијата по неговиот настап на олимписките игри.

Успехот на Георгиевски е подстрек за сите млади луѓе и спортски таленти вредно да работат за да дојдат до успех до кој со сребрен олимписки медал стигна младиот Бутелчанец иако само малкумина во светот верува до пред само неколку дена.