Додека Македонија води истрага за рускиот бизнисмен Иван Савидис кој според премиерот Заев плаќал македонски граѓани да протестираат против преспанскиот договор, Грција дава највисоки државни ордени и почести на руски дипломати во Атина.
Со едногласна одлука на членовите на генерал штабот на грчката армија а по препорака на министерот за одбрана Панос Каменос висок претставник на руската амбасада во Атина добил највисок државен медал.
Медалот од рацете на министерот Каменост кој се противи на преспанскиот договор го добива генерал мајорот Генадиј Можаев кој наскоро заминува од Атина.
Рускиот генерал од република Грција добил медал за заслуги и чест за својата поддршка на грчките воени сили и приближување на грчкиот и рускиот народ.
Министерот за одбрана на Грција и лидер на коалициониот партнер на Ципрас, Панос Каменос важи за проруски ориентиран, предходно се закани дека Македонија нема да влезе во НАТО а во врска со преспанскиот договор се закани дека ќе ја напушти владата доколку зборот Македонија биде дел од решението за името.
Предходно грчките власти забранија влез за двајца и протераа уште двајца колеги на генералот Можаев од руската амбасада во Атина за илегални активности поврзани со протестите против преспанскиот договор.
За разлика од Македонија каде МВР го откри името на Иван Савидис , рускиот бизнисмен кој живее во Солун, грчките власти не откриваат кои грчки бизнисмени биле инволвирани во финансирање и организирање на насилни протести во Северна грција против договорот од преспа.





