Во Македонија денеска се прославува државниот празник Илинден –  115 години од почетокот на Илинденското востание и 74 години од Првото заседание на АСНОМ.



Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов ќе има свое обраќање на Мечкин Камен во Крушево а на прославатаќе присуствува и американскиот вршител на должноста заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Метју Палмер.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе има обраќање по повод Илинден во Скопје и ќе положи свежо цвеќе на спомениците на АСНОМ и на Никола Карев и пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методиј Андонов Ченто.

Премиерот Зоран Заев ќе говори на централната манифестација под мотото „Наша Македонија во меморијалниот комплекс Пелинце.

Премиерот Заев попладне ќе замине за Благоевград, каде заедно со бугарскиот премиер Бојко Борисов ќе ја одбележат 115-годишнината од Илинденското востание. Ова ќе биде втора заедничка прослава, по потпишувањето на Договорот за пријателство, соработка и соседство помеѓу Република Бугарија и Република Македонија пред една година.