Македонскиот пазар стана најголем во Европа според уделот на нискобуџетните авиокомпании во превозот на патници, рангирајќи се пред Словачка, Унгарија, Романија и Литванија.



Точно 65,6 проценти од оние кои патуваат до и од земјата не се превезени од големи авионски превозници.

„Виз ер“, кој има база во Скопје, а одржува операции и од Охрид, во текот на првата половина од годината имаше пазарен удел од 63 отсто.

Три водечки авиокомпании во Македонија според капацитетот на седиштата се „Вис ер“, „Туркиш ерлајнс“ и „Аустриан ерлајнс“.

И покрај тоа што го има најголемиот шер на патници превезени од нискобуџетни авиокомпании, ниту една од трите компании со ниски трошоци со најголем промет во Европа – „Рајан ер“, „Изи џет“ и норвешката „Ер шатл“ – не даваат услуги во Македонија.