Порталот In.gr, наведува три + една „отворени рана“ кои предизвикуваат земјотрес во владата на Алексис Ципрас, рангирајќи го „македонското“ односно договорот од Преспа, како најсериозна.
Повторуваните изјави на Зоран Заев во пресрет на референдумот „го изгореа“ наративот на владата и лично на Алексис Ципрас (дека е постигнат) чесен и корисен договор. Луѓето ги читаат приговорите на Скопје за Македонија, за идентитетот и за јазикот секој ден. Го слушаат Заев како вели дека ги остварил соништата на предците и … дека дури и референдумот да не успее, ќе го испрати договорот до парламентот.
Според порталот, „македонските“ изјави предизвикале големо нарушување на владиниот кампус кој може да прави планови и да брои гласови во парламентот, но во општеството тоа е малцинство…за што говорат и анкетите каде популарноста на СИРИЗА опаѓа поради Договорот.
Вториот проблем, уште една отворена рана за владата, е тужбата што ја поднесе Панос Каменос против 7 новинари по што следеа апсења, притвор, политичкиот и новинарскиот земјотрес… за новинарски напис. По ова следуваше шлаканица од „Политико“ кој објави дека почнува истрага за парите од европските фондови за бегалци.
„Бидејќи Каменос не може да поднесе … тужба против Европската канцеларија за спречување измами, сигурно е дека тој и целата влада ќе ја пијат до крај горчливата чаша на истрагата“. Отворено е прашањето за 1,6 милијарди за бегалците и некој ќе треба да одговори.
Третата рана што не може да се затвори, ниту не треба, е пожарот во Мати. Околу 99 мртви ја прогонуваат владата и сите државни функционери кои се поврзани со националната трагедија.
Четвртиот и последен фронт се однесува на пензиите…





