Видео материјал од денешниот протест најдобро покажува што и се случи на владата на СДСМ и ДУИ на денешниот протест за поддршка на осудените за 27 април.
Иако нивните возила и автобуси беа запирани на пат кон Скопје огромна маса народ денеска сепак успеа да се слее во центарот на главниот град.
Најголем дел од присутните беа млади луѓе што вообичаено не се случува на протестите во Македонија.
Бројот на демонстранти е особено висок ако се знае дека постоеше огромен притисок од власта за неучество на протестот, стигма за луѓето кои ги поддржуваат осудените уставобранители но и опасноста од коронавирусот.
Материјалот го објавува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој денеска со својата партија учествуваше на протестот.
“Македонија е жива и повеќе од тоа, народот врие. Излезе народ на улица. Преку глава им е на луѓето од неправди, од мафија, од криминал, од неспособност.
Слобода за устовобранителите!
Ќе се бориме заедно за исправање на неправдите и одговорност без оглед за кого се работиц”, пишува Мицкоски по протестот.
Македонија е жива и повеќе од тоа, народот врие. Излезе народ на улица. Преку глава им е на луѓето од неправди, од мафија, од криминал, од неспособност.
Слобода за устовобранителите!
Ќе се бориме заедно за исправање на неправдите и одговорност без оглед за кого се работи. pic.twitter.com/EyLzyC9LBg
— Христијан Мицкоски (@MickoskiHM) April 25, 2021





