Македонија е во војна ако власта се оценува по состојбата во економијата

Ако се суди според состојбите во економијата Македoнија е земја со перформанси кои одговараат на воена состојба.



Според најновите прогнози на Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ) објавени на почетокот на април, Македонија ќе има најнизок економски раст од 1,4% во 2023 година споредено со сите земји од регионот.

ММФ очекува Косово да оствари повеќе од двојно повисок раст (3,5%) како и Црна Гора (3,2%), Албанија да има раст од 2,3%, БиХ од 2%, исто колку и Србија.

На дното на очекувањата на монетарците е македонската економија, што ја става во групата на економии кои директно се погодени од војната во Украина.

Руската и белоруската економија се оценува дека ќе пораснат за 0,7% во 2023 година, Унгарија се очекува да има раст од 0,5%, Полска од 0,3%, додека Украина ќе има пад на БДП од 3%.

,,Неуспешните економски политики на оваа Влада ја сместија македонската економија во воена состојба. Неуспешна борба со високата инфлација ги закотви прогнозите за домашната инфлација во 2023 година на високо ниво од 9,2%, повисоко од очекувата инфлација Албанија и Косово (5% и 5,5%), БиХ од 6%, Русија и Белорусија (7% и 7,5%)”, анализира ВМРО-ДПМНЕ за состојбата на македонската економија.