Македонија е поподготвена за ЕУ од Бугарија кога влезе, но не треба да попуштиме, вели бугарски пратеник

Ивајло Мирчев, пратеник на партијата Демократска Бугарија од владејачката коалиција, смета дека Македонија треба брзо да влезе во Европската унија, дури и дека е поподготвена отколку Бугарија кога го стори тоа, но е против попуштање во однос на ветото.



„Северна Македонија и Албанија треба да бидат примени брзо во Европската унија. Нашата желба е РСМ и Албанија да бидат членки на ЕУ, но тоа не значи промена во бугарската позиција, односно тоа треба да се случи по промената на Уставот на Северна Македонија. Бугарија направи многу компромиси, Македонија е на ред. Таа е повеќе подготвена по сите параметри отколку кога Бугарија беше примена во 2007 година, но треба да опстоиме на бугарскиот интерес и не треба да подлегнуваме на притисок“, изјави Мирчев, кој е заменик-претседател на Комисијата за енергетика во Народното собрание, за Бугарската национална телевизија (БНТ).