Македонија е генетски поврзана со Србија и со Русија и не може или не сака да им сврти грб, смета Ангел Димитров

Копретседавачот од бугарска страна на Мешовитата комисија за историски и за образовни прашања, Ангел Димитров, се повика и на генетиката (?) за да ја објасни позицијата на Македонија во однос на Бугарија.



„Република Северна Македонија има државност која е генетски поврзана со Србија и со Русија. И не може или не сака да им сврти грб. Затоа, навестувањата за бугарска позиција во служба на Русија или на Србија се апсурдни. Бугарија силно ја поддржа евроатлантската интеграција на РСМ, за да ѝ помогне да излезе од својата стара југокомунистичка орбита. Треба да се внимава со таквите евтини политички мантри, кои ја дискредитираат нашата земја“, изјави за Бугарското национално радио поранешниот амбасадор на Бугарија во Македонија.