Македонија и за САД стана ??!

Избегнувањето на именувањето на идната членка на НАТО, употребувајќи го нејзиното државно знаме наместо името, го примени дури и амбасадорката на САД во Алијансата, Кеј Бејли Хачисон.



„Задоволна од потпишувањето на Протоколот за пристапување на идната 30. членка на НАТО ??. Долги години, ?? обезбеди вредна поддршка за операциите и мисиите предводени од НАТО и ние сме одушевени да ја прошириме нашата соработка во рамките на Алијансата“, објави таа на Твитер.

САД ја признаваа(т) Македонија под тоа име од 4 ноември 2004 година. Тоа беше прва одлука на тогашниот претседател Џорџ Буш помладиот по реизборот на функцијата, а дојде непосредно пред референдумот за Законот за територијална реорганизација на Македонија.