Македонија добива бисер а Кастратовиќ наследничка

Фото:ракомет24.мк



Македонскиот ракомет добива голема надеж а големата Индира Кастратовиќ можна наследничка на позицијата најдобра ракометарка на Македонија во историјата.

Женската кадетска репрезентација на Македонија денеска ќе игра финале на ЕХФ шампионатот во Клаипеда во Литванија, успех за кој многу е заслужна младата Ива Младеновска, ракометарката која беше дел од тимот на и на ЕХФ шампионатот за младинки во Скопје, пишува за македонскиот ракометен бисер специјализираниот сајт Ракомет24.мк.

Младеновска има 14 години и е една година помлада од тимот со кој игра, но на теренот со колешките не делува така. Вчера делуваше како да има најголемо искуство бидејќи играше одлично кога беше најпотребно. Таа самата постигна 12 гола од вкупно 25 на Македонија, а имаше реализација од 63 проценти. Со вкупно 32 гола досега е на 4. Место на Листата на стрелците каде што првите две ракометарки имаат по 34 гола, а третата 33.

Ива Младеновска игра и како десно крило и како десен бек.

Повеќе на https://24rakomet.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B1%D0%B8%D1%81%D0%B5%D1%80-%D0%B8%D0%B2%D0%B0-%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D0%B2/