Доцна синоќа, Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг му препорачаа на германскиот парламент да донесе позитивна одлука за отпочнување преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и со Албанија.



Според информациите на „360 степени“, „дебатата за С.Македонија течела со позитивен и ветувачки тон, додека за Албанија имало разногласие, но благодарејќи на влијанието на пратеникот на СПД, Јосип Јуратовиќ, и нашите соседи поминале низ ова парламентарно сито“.

Во четврток вечер, се очекува Бундестагот а ја потврди одлуката на Комисијата за надворешни работи.