Македонија доби специјален претставник само на албански јазик, македонците можат да се информираат со ,,Гугл преведувач”

Дипломатот од македонското МНР Мемет Жаку објави дека станал специјален претставник на министерот за надворешни работи Бујар Османи во неговиот капацитет како претседавач со ОБСЕ.



Жаку кој знае дека според уставот единствен јазик за меѓународна комуникација е македонскиот јазик ја објавува информацијата за неговата функција само на албански јазик без воопшто да даде превод на македонски јазик.

И министерот Османи веста за именувањето на Жаку за специјален претставник на дава на англиски јазик.

Дали Жаку не знае англиски и македонски јазик или како дипломат се обидува да купи поени со користење само на албанскиот јазик е прашање за службите во МНР и други институции кои го следат почитување на уставот во дипломатијата.

За да разберат Македонците и другите што не знаат албански јазик каква функција дал Османи на Жаку треба да користат преведувач или алатката ,,Гугл преведувач”.

,,Во мојата нова улога како специјален претставник на претседавањето со ОБСЕ за млади, имав задоволство да ја откријам работната програма за време на претседавањето со ОБСЕ 2023 година. Од средбите добив не само признание туку и извонредна поддршка од корпусот на амбасадорите во ОБСЕ како и од институционалните структури на оваа џиновска организација! Го повторив повикот на претседателот Бујар Османи за итно запирање на руската агресија, бидејќи оваа војна ја штети иднината на младите насекаде во светот.
Заедно со мисијата од ѕ. Македонија во Виена, убеден сум дека ќе се пренесат моќни пораки за соработка меѓу младите и поттикнување на многу иницијативи за прогресивна иднина каде што мирот ќе биде главниот збор”, пишува Жаку според преводот кој го дава Гугл преведувачот.