Македонија доби моќен “фан” пред Европското првенство

Македонија и Хрватска се единствени две држави кои го претставуваат Балканот на Европското фудбалско првенство, кое почнува за две недели.



Откако поддршка за дебитантот Македонија, дојде од Србија, Бугарија, Косово, Албанија, Црна Гора, БИХ поддршка за Пандев, Елмас, Барди, и останатите пристигаат и од Словенија од каде доаѓа и Александар Чеферин првиот човек на УЕФА.

Претседателот на УЕФА, во интервју за португалскиот медиум „Рекорд“ изјавил дека ќе навива за Македонија.

„Моите симпатии се за Македонија“, изјавил Чеферин, и со тоа предизвика реакции во Хрватска која е сосед на земјата од каде што доаѓа шефот на УЕФА и единствена земја од регионот која покрај Македонија која ќе игра на ЕП.

Македонија ќе дебитира на Европското првенство во Букурешт против Австрија на 13 јуни, а четири дена подоцна следи дуелот против Украина.

Последниот меч во групата го играме во Амстердам против Холандија на 21 јуни.

Поддршката од Чеферин нема да влијае на некаква посебна привилегија за Македонија на тронот но сепак добро ќе ги замисли судиите кои би се обиделе да направат неправда кон милениците на шефот на УЕФА.