Денеска во Македонија пристигна донација од 100.000 вакцини „Астра Зенека“ од Грција.
„Донацијата е на лична иницијатива на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, што му ја има ветено на нашиот претседател на Владата Зоран Заев. Уште еднаш се потврдуваат добрососедските односи и поддршка кои се особено значајни во време на пандемија“, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на „Фејсбук“.
Филипче упати голема благодарност до грчкиот народ, владата на Република Грција и амбасадорот на Грција во Македонија, Русос Кундурос..






