Анализа на интервјуто во кое бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер Крааимир Каракачанов најавува испраќање на инжинериски полк за уривање на македонски споменици со наводни бугарски херои покажува уште една работа за која никој во Македонија не е информиран.
Заканата на Каракачанов за бугарски војници во Македонија е одговор на прашање на новинарот кој вели дека по примерот со античките споменици на кои беа ставани натписи дека припаѓаат на “античкото хеленско културно наследство” така и сите споменици со наводни бугарски херои треба да бидат тргнати.
Според прашањето на новинарот кое Каракачанов не го негира спомениците треба да бидат тргнати до декември.
Македонските власти и премиерот Заев досега не ја информирале јавноста дека презеле таква обврска кон бугарската влада.
Освен спомениците на бугарските херои Македонските власти ќе треба да ги тргнат и сите табли на кои што се опишуваат ѕверствата на “бугарскиот фашистички окупатор” како на пример убиството на 12 младинци во Ваташа.
Ако Македонија сама не го стори тоа Каракачанов најави испраќање на бугарски инжинериски полк или членови на неговата партија ВМРО-БНД ќе ги тргаат спомениците.
Аииии до декември треба да им учиниме на фашистиве, дали направи некој попис за колку споменици збори @KKarakachanov на кои треба да ги тргнеме таблите каде пишува “Бугарскиот фашистички окупатор” ?
—
п.с кој ја презел оваа обврска ? pic.twitter.com/Hw64b4yG2L— Демир (@Trollowsky) October 23, 2020





