Во периодот од 2020 до 2050 година Македонија ќе загуби 10,9 проценти од своето население покажуваат податоците на „Ворлд оф статистикс“.
Имајќи ги предвид изброените 1.836.713 жители на пописот од 2021 година, тоа значи дека во средината на векот на територијата на Македонија ќе живеат 200.202 луѓе помалку или вкупно 1.636.511.
Најголемо намалување на населението во наведената временска отсечка ќе доживее Бугарија од дури 22,5 проценти. Со оглед на тоа дека на последниот попис пред две години беа преброени околу 6,5 милиони Бугари кај источниот сосед на Македонија, излегува дека во 2050 година таму ќе живеат малку над 5 милиони луѓе!






