Претседателот Пендаровски откри дека во Март или Февруари може да дојде до разговар за бугарските барања но дека освен ветото во Брисел официјална Софија не дала одговор на македонските позиции за спорот кои македонските власти веќе ги испратила.
Јавноста во Македонија од неразбирливи причини не е информирана за содржината на тајно испратениот одговор до Софија.
Конкретно во однос на пакетот 5 + 1, шефот на државата за ТВ Телма рече дека македонската страна ги испратила своите одговори, но од Софија нема официјален одговор.
„Ништо не добивме од Софија. Имаше шпекулации, вклучително и од високи функционери, дека нешто е примено, но јас како институција не добив ниту вербално ниту писмено. Во пракса денеска добивме одговор со последното вето. Бугарија очигледно не им се допаѓаат одговорите што ги пративме за овие точки, но тоа се црвени линии кои никој не може да ги помине и дали во февруари или март кога ќе се стават овие 5-6 точки на преговарање. табела „Идентичен одговор ќе дадеме“, рече Пендаровски.






