Македонија засега нема да презема никакви превентивни мерки по појавата на новиот вирус кој се појаво но излезе од границите на Кина а прв случај вече е регистриран во САД, вели министерот за здравство Веко Филипче.
„ Веќе има активности во Светската здравствена организација и се разгледуваат евентуални препораки за далечните земји каде што сега има сѐ почеста појава на заразени луѓе од овој вирус.
Ќе видиме какви се информациите, контактираме со официјални лица од канцеларијата на Светската здравствена организација дали има потреба или препорака за некаков скрининг на аеродромите, но засега нема таква најава“, изјави Филипче, одговорајќи на новинарски прашања во врска со епидемијата на коронавирусот.





