Два предлог закони за задолжување, едниот кај Фондот за меѓународен развој на ОПЕК, а другиот кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка се продолжени да бидат донесени по скратена постапка во Собранието.



Висината на новата позајмица е 77,5 милиони евра.

Од ОПЕК биле побарани 60, а одобрени се 50 милиони евра. Овие средства ќе ги користи Министерството за финансии, а ќе се отплаќаат од државната каса под „исклучително поволни услови“, како што се наведува во предложениот законски текст. Рокот за отплата е десет години, со двегодишен грејс период.

Понизок износ – 30 милиони УСД или 27,5 милиони евра, е побаран од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка.

Средствата ќе ги користи Министерството за труд и социјална политика. Правилата велат – заемот ќе и биде доделен на државата со рок на отплата од 11 и грејс период од три години.