Министерот за надворешни Никола Димитров вели дека Македонија бара пренасочување од ИПА фондовите за да може да бидат искористени како средства за борба против корновирусот.
„Ние за годинава, беше најавено, добивме 50 милиони евра награда за реформските постигнувања, има едни осум милиони евра од минатата година и правиме напори овие средства да можеме да ги користиме во оваа кризна ситуација и истовремено правиме спецификации на медицинска опрема до сите пријатели–земји членки и НАТО сојузници“, изјави на денешната прес конференција Димитров, појасни министерот Димитров, пренесува „Алсат М“.
Во однос на помошта од ЕУ за Србија од седум милиони евра и каде е Македонија, министерот Димитров потенцира дека ќе има помош за целиот регион. Појасни дека кај Србија се работи за еден договор што тамошната делегација го имала со УНДП и средствата се пренасочени за борба против коронавирусот и воопшто кризната ситуација.
„Ние сме во постојана комуникација, имаме испратено барања. Вчера меѓу другото и во тој контекст имав размена на пораки со комесарот и со други претставници на ЕК и ЕУ. Целиот регион ќе биде вклучен бидејќи географски сме во рамки на ЕУ“, истакна министерот Димитров.






