Наспроти 10. место во светот според „Дуинг бизнис“ на Светска банка, Европска комора (EuCham) ја рангира Македонија дури на 31. место, и тоа на стариот континент, на листата на „Најдобри европски земји за стопанисување 2019“.
Во конкуренција на 46 земји опфатени со рангирањето на асоцијацијата со седиште во Будимпешта, Македонија годинава е две места повисоко од лани.
Од земјите во регионот подобро пласирани се Словенија на 22. место (едно место подолу од лани) и Хрватска, која остана 29., а зад Македонија се Црна Гора на 33. (-3), Турција на 34. (+4), Грција на 36. (-2), Србија на 37. (-1) и Босна и Херцеговина на 45. (-1).
Водечки се скандинавските земји Данска (1), Норвешка (2), Шведска (3) и Финска (4), а петта е Велика Британија. На дното е Украина.
Своето рангирање Европска комора го темели на извештајот на „Дуинг бизнис“ и на Индекс на перцепција на корупцијата на „Транспаренси интернешнел“.




