Поради катастрофалната гол-разлика од -57, ракометната репрезентација на Македонија заврши на 23. место меѓу 32 учесника на 27. Светско првенство во Египет.
Тоа е најлош пласман во досегашните седум настапи по 18. место на „црвено-жолтите“ во мундијалското деби исто така во Египет 1999.
Од 24. селекции што настапија во главната фаза под избраниците на селекторот се пласира само Уругвај, со гол-разлика -104.
Иако исто како Македонија без бодови во вториот круг, пред неа завршија Бахреин на 21. место со гол-разлика -36 и Алжир на 22. позиција со -41.
Од 9. до 20. место се пласираа Словенија, Португалија, Аргентина, Германија, Полска, Русија, Хрватска, Швајцарија, Белорусија, Бразил, Јапонија и Исланд по тој редослед.
Јужна Кореја е претпоследна, а Зеленортските Острови, кои го напуштија турнирот поради коронавирус, последни.





