Македонија 118. според воената моќ меѓу 136 земји во светот

Според својата воена сила, Македонија се наоѓа на 118. место меѓу 136 држави во светот опфатени со рангирањето на „Глобал фајр пауер“ за 2018 година.



Од податоците земени предвид за класификацијата се издвојуваат: популација 2.103.721 жители, военоспособни 871.803, активни војници 8.055, резерва 16.000, буџет за одбраната 108.152.512 долари, хеликоптери 14 (напаѓачки 4), расположливи аеродроми 10, тенкови 31, оклопни возила за борба 330, влечена артилерија 144, ракетни лансери 24 итн.

Од земјите од опкружувањето највисоко котира Грција на 28. место, Бугарија е 60., Хрватска 72., Србија 78., Албанија 86., Словенија 92., Црна Гора 121., Босна и Херцеговина 124.

Романија е 40., Ирак 47., Сирија 49., Унгарија 57, Либија 74., Авганистан 71. итн.

Топ 10 воени сили: 1., САД, 2. Русија, 3. Кина, 4. Индија, 5. Франција, 6. Велика Британија, 7. Јужна Кореја, 8. Јапонија, 9. Турција, 10. Германија.