Македонија ѝ екстрадира на Швајцарија Албанец осомничен за шверц на дрога

Минатиот вторник Македонија ѝ израчила на Швајцарија 23-годишен Албанец осомничен за шверц на дрога како дел од албанска криминална група што оперирала од април до октомври 2015 година во Винентал во кантонот Аргау.



На крајот на август 2017 година Окружниот суд во Кулм осуди четири лица на казни затвор од три до 7,5 години, од кои три пресуди се конечни, а случајот на едно лице е во процедура пред Сојузниот суд.

Екстрадираниот бил уапсен во Македонија во почетокот на април, а Јавното обвинителство од Зофинген-Кулм го сомничи за трговија со дрога и за злосторничко здружување за таа цел. Тој го негира обвинението, а Судот му изрече притвор од три месеца.