Македонија ѝ донира хеликоптери на Украина

Владата донела одлука за донација на хеликоптери на Министерството за одбрана на Украина и утврдила текст на Протокол за таа намена.



Владината прес-служба синиќа соопшти била разгледана и усвоена Информацијата за потреба од склучување Протокол за донација на воздухоплови (хеликоптери) помеѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за одбрана на Украина и ја донесе Одлуката за донација на воздухоплови (хеликоптери) на Министерството за одбрана на Украина.

Владата на Република Северна Македонија го разгледа и прифати усогласениот текст на Протоколот за донација на воздухоплови помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Украина, стои во соопштението.

Не е прецизирано колку и какви хеликоптери ќе бидат донирани.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска претходно јави дека на Украина ќе ѝ бидат донирани 12 хеликоптери Ми-24.