По одбранетата светска круна на Александар „Велики“ Волкановски во ултимејт фајт, рагбистот Пол Момировски ѝ приреди уште една спортска радост и ја направи горда македонската заедница во Австралија со освоената шампионска титула со Пенрит пантерс.
Центарот Момировски, роден пред 25 години во Сиднеј, настапи во големото финале на Националната рагби лига (НРЛ) пред 39 илјади гледачи во Бризбејн, во кое „пантерите“ славеа со 14:12 против Саут Сиднеј ребитос.





