Македонецот Петрески нов заменик-градоначалник на Шелхарбур Сити во Австралија

Македонецот Роберт Роб Петрески е избран за нов заменик-градоначалник на Шелхарбур Сити во Австралија, град со околу 72 илјади жители оддалечен околу 100 километри од Сиднеј.



„Горд сум и почестен што ќе ја извршувам оваа функција. Би сакал да им се заблагодарам на колегите за поддршката, како и на мојот претходник Џон Мари за посветеноста и за напорната работа“, изјави по изборот Петрески, кој беше советник во Градскиот совет од 2017 година и е активен во Австралиско-македонскиот совет на Нов Јужен Велс.