Македонецот од Словенија, Сашо Филиповски, седна на клупата на некогашниот европски кошаркарски шампион Партизан, а ќе му помага сонародникот Бобан Митев, екстренер на МЗТ Скопје.
Македонскиот тренерски тандем треба да дебитира на натпреварот со Задар од АБА-лигата в сабота во Белград.
Монако беше последниот тим што лани го водеше несудениот селектор на Македонија пред три години, а 46-годишниот кошаркарски стручњак ги има тренирано и Унион Олимпија, Лотоматика Рома, Локомотив Ростов, Туров, Зјелона Гора, Банвит…
Неговиот татко Филип му беше „вечна резерва“ на легендарниот голман на Вардар, Драган Мутибариќ.
„Растев покрај татко кој беше голман на Вардар. Поради тоа во почетокот бев навивач на Вардар“, ќе изјави Филиповски во интервју за „Моцарт спорт“ минатата година.





