Македонски градежен работник од Германија на возраст од 26 години вчера попладне во општината Перах паднал од скутер и добил тешки повреди на главата бидејќи не носел кацига на главата.
И покрај сериозните повреди, тој повторно седнал на скутерот и возел неколку километри до своето место на живеење кај Ендлкирхен во општината Ерлбах.
Дури оттаму ги известил Службата за спасување и Брза помош, а пристигнале и протвпожарни екипи од Ендлкирхен и од Перах.
Но, поради тешките повреди, тој бил префрлен со спасувачки хеликоптер „Криштоф 14“ во болница.





