Македонец уапсен во Бугарија за шверц на 12 сириски мигранти во Романија

Еден државјанин на Македонија и тројца Сиријци со статус на странци со престој во Бугарија се приведени во близина на Силистра, град на Дунав во североисточна Бугарија, поради тоа што без дозвола им помагале на странски државјани да ја преминат државната граница со Романија.



Случајот е од крајот на минатата година, кога во раните утрински часови на 30 декември 2023 година група од 12 сириски државјани биле приведени при обид да ја преминат границата на земјата. Заедно со нив приведени се и двајцата мажи – македонски државјанин и Сириец, жител во Бугарија, кои ѝ помагале на групата илегално да ја мине границата. Сите приведени се изведени на кривична одговорност, а македонскиот државјанин е обвинет дека не ги почитувал полициските наредби и управувал автомобил по употреба на наркотични супстанции.

Првично, на трговците со луѓе им е одредена мерка притвор во траење до 72 часа со указ на обвинителот кој го надгледува случајот од Окружното обвинителство – Силистра. Во судот беа поднесени барања за притвор, кои беа усвоени и двајцата остануваат во притвор.