Професорот Климе Попоски од Универзитетот „Св. Климент Охридски“, департментот за осигурување во Охрид е избран за ментор на Израелскиот Insurtech Accelerator.
Државата Израел е рангирана на прво место како светска старт-ап нација, каде процесите на примена на напредни технологии претставуваат движеча сила на нивната економија.
Врз основа на Bloomberg Innovation Index, Израел е рангиран на петтото место на светско ниво, додека според интензитетот на „Истражување и развој“ е рангиран на прво место на глобално ниво.
Овие високи нивоа на рангирање се резултат и на израелскиот „Insurtech eco system“, кој е еден од водечките светски најразвиени еко системи, благодарение на големиот број на „Insurtech startups“.
Со цел понатамошен раст и развој на израелските „иншуртек“ компании формиран е акцелератор кој ќе им овозможи поголема глобална експанзија.
Од таа причина формиран е ростер на ментори од редот на реномирани светски експерти од разни области на осигурувањето.
Проф. Климе Попоски е селектиран како ментор поради неговата меѓународна експертиза и истражувачка работа од областа на глобалните стандарди за регулација на осигурителната индустрија.
Повеќе информации на линкот itiaccelerator.com/.





