Бугарските медиуми известуваат за Македонец што деновиве е забележан како спие на автобуска постојка во летувалиштето Несебар.
Станува збор за 41-годишниот Јован Аризанкоски, кој дошол да бара сезонска работа во Сончев Брег за да го плати лекувањето на својата мајка од мозочен удар во болница во Германија.
Но, тој останал на улица бидејќи сè е затворено поради пандемијата од коронавирус, па десетина локални жители му понудиле сместување, храна и пари, а тој ветил дека ќе им се оддолжи кога ќе се снајде.
Аризанкоски има и бугарски документи и во животот работел сешто – од менаџер до чистач.






