Две лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа во близина на бугарскиот град Кресна и пренесени во болница во Благоевград, јавува БГНЕС.



Во 1,30 часот по полноќ директно се судриле џип „ауди” со ерменска регистрација и камион „мерцедес“ со македонски таблички.

Во несреќата со рана во колкот се здобил возачот на камионот, 26.годишниот Мите Бидев од Валандово, а возачот на џипот 46 годишен граѓанин од Еревен се здобил со повреди на стомакот и главата.

Двајцата под итно се пренесени во болница во Сандански, јавува БГНЕС.