Дејан Милошевски-Чобачо стана првак на САД во карате, триумфирајќи во својата категорија на државниот шампионат што се одржува од 1 до 5 септември во Шаумбург.
„Сонот стана реалност“, го сподели на Фејсбук своето задоволство Македонецот од Чикаго, кој пред две години го освои бронзениот медал во ова натпреварување.
Милошевски е и судија во Светската карате федерација (ВКФ), а како инструктор по карате им помага на лицата со Паркинсонова болест.







