Македонецот Влатко Андоновски и фоцијално е именуван за селектор на американската женска репрезентација која е светски шампион.
Тој е деветти селектор во историјата на женската селекција на САД. Андоновски во 2000 година се пресели во САД, со сопругата Билјана и трите деца живеат во Канзас сити, а седум години работи во женскиот фудбал во САД, има и две титули.
Дебито како селектор,поранешниот играч на Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Вардар, ќе биде на 7 ноември во Колумбус на пријателска средба против Шведска, додека кон крајот на јануари има квалификации за Олимписките игри.
Извор: Плусинфо




