Македонец меѓу учесниците на маратон во Северна Кореја!

Ангел Арнаудов од Стојаково е еден од 950 учесници од западните земји што настапија на денешниот атлетски маратон главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг.



За новинската агенција Франс прес тој објасни дека оваа трка се нашла на неговиот „радар“ откако истрчал повеќе од 30 маратони во градови како Токио, Њујорк и Копенхаген.

„Сакам лично да го искусам животот во Северна Кореја и да видам дали е таков како што велат на ТВ или поинаков“, го цитира АФП 34-годишниот инженер по информатички технологии од Македонија, кој додава дека ќе постира видеа на својот канал на Јутјуб.