Македонец и Британец за гневот и понижувањето во Македонија што САД ѝ се обраќаат со „Северна“

Македонскиот активист од Австралија, Роберт Пасквале, ѝ укажува на Амбасада на САД во Скопје како Македонците гледаат на обраќањето кон државата со „Северна Македонија“.



„Сите Американци што живеат во Македонија знаат и ги разбираат недовербата и гневот предизвикани кога ‘нивната’ амбасада ни се обраќа со ‘Северна Македонија’. Вие не ги претставувате својот народ, демократијата или развојот на односите меѓу Македонците и Американците, напротив, им штетите“, објави на Твитер еден од основачите на западноавстралискиот огранок на Обединета македонска дијаспора во Перт.

На твитот реагира Том Лајнс, британски економист и известувач на агенцијата Ројтерс и на други медиуми за теми од банкарството.

„Колку понижувачки е сето ова за секој во Македонија – и трае откога Грција ја почна својата одмазда поради користењето на сопственото име од малата земја за да се опише себеси“, прокоментира експертот по меѓународен бизнис и економија.