Македонците во Пустец го слават Илинден

Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, која е и единствената македонска партија во Албанија, во соработка со Општина Пустец, денеска 2 август, организира прослава по повод Илинден.



По повод 120 години од Илинденското востание на македонскиот народ во 18.00 часот ќе се одржи свечена академија.

„Академијата „120 години од Илинденско востание“ ќе се одржи во просториите на нашата партија во Пустец, во 18.00 часот, на која очекуваме големо присуство на жители од цела Мала Преспа, рече Васил Стерјовски, лидер на партијата.

Општонароден собир ќе биде одржан на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, во 19 часот, со македонски ора и песни, со настап на група од Преспа и детскиот младински фолклорен ансамбал „Срма“ од Куманово.