Македонците во Малта со поддршка за Сиљановска

Македонската заедница во Малта на престојните претседателски избори за претседател на Република Македонија и дава целосна поддршка на Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова.



“Сметаме дека со масовно излегување на овие избори ќе покажеме каква иднина посакуваме во една правна држава . Во овие клучни моменти победата на професорката Давкова ќе донесе нова свежина во општествено- политичкиот живот во нашата татковина , како и конечно менување на системот, а се со цел владеење на правото и правдата за сите граѓани подеднакво”, се вели во соопштението на македонската заедница на Малта.

“На средбата која се одржа во Скопје со професорката Силјановска Давкова и претседателот на Македонската Заедница во Малта се разговараше на повеќе теми кои се од значење за граѓаните од дијаспората. Го истакнавме нашето барање за електронско гласање на нашите во дијаспората со што би се зголемила ефикасноста и би се намалиле финансиските средства за организирање на гласањето.

Сметаме дека соработката помеѓу институциите во Македонија и дијаспората мора да се подобрува преку размена на позитивни искуства од развиените држави.

Посакуваме победа која ќе донесе позитивен тек и напредок на нашата татковина.
Со почит
Македонска Заедница во Малта????”.

На Малта живеат над 10 илјади Македонци.

Последниве два месеци македонската заедница на Малта имаше средба со претседателот и премиерот на оваа медитеранска земја.