Македонците во Малта ѝ го честитаа на Хелена Дали изборот за еврокомесар

Македонска заедница во Малта го сподели со јавноста своето задоволство од изборот за нов еврокомесар за еднаквост на досегашната малтешка министерка за европски прашања и еднаквост Хелена Дали, голем пријател на Македонците во Малта и на Македонија како држава.



„Честитки за изборот на Хелена Дали за нов комесар на ЕУ ?? за еднаквост од целокупната Македонска заедница во Малта.
Воедно би сакале да го истакнеме нашето задоволство од досегашната заедничка соработка со г-ѓа Дали како министер за европски прашања и еднаквост во малтешката Влада. Со нејзина лична заложба ние како заедница станавме дел од Комитетот за интеграција (Forum on Integration Affairs), кој е дел од владиното тело за подобрување на положбата на доселениците во Малта.
Воедно би сакале да истакнеме дека г-ѓа Хелена Дали е голем пријател на Македонска заедница во Малта, но и на Македонија како држава.
Искрено се надеваме дека со нејзината нова функција во Европската комисија, Македонија ќе добие уште еден искрен поддржувач на нанашиот пат до целосна интеграција во ЕУ. ??????“, се вели во соопштението.