Македонците во Егејска Македонија, Грција вчера масовно го прославија празниког Коледе кој поради разлики во јулијанскиот и грегоријанскиот календар како и сите други верски празници во оваа земја се слави две неделни порано од Македонија.
Видеото е од таканаречен ,,паниѓир” во чест на Коледе е од селото Крушари, Ениџевардарско, Егејска Македонија, каде вчера се пееја Македонски песни.

Во егејска Македонија се уште постојат десетици население места каде се свират и пејат македонски песни и се играат околу 140 различни македонски ора со свој ритам, мелодија, динамика…
На видеото се гледа дека Македонците во Грција освен традиционалните песни од нивните предци пеат и нови македонски песни како оваа на Спасен Силјановски ,,Ќе ти дојдам вечер јас на перница”.
Коледе, вчера
🚩 село Крушаре, пазарско
❤️ егејска Македонија pic.twitter.com/rmZk2xRwqF— Egejska Makedonija (@egejskamkd) December 24, 2023






