Партијата на македонците во Бугарија ОМО Илинден Пирин открива како бугарскиот Цар Борис го убил еден од најголемите македонски поети Никола Јонков Вапцаров.
Според ОМО Илинден Пирин по стрелањето од бугарските војници во Софија Вапцаров бил жив и тој можел да преживее ако Царот Борис согласно меѓународните конвенции и протоколи дал наредба да му се спаси животот.
Но Царот Борис кој во Бугарија е познат како ,,Ослободителите” спроведе но на сите правни и човечки узанси наредил Вапцаров да добие уште неколку куршуми во глава што што наредбата била спроведена врз човек кој ионака бил во тепка ситуација.
,,Вапцаров и неговите соборци беа застрелани на 23.07.1942 неколку часа по изречената пресуда. Откако Вапцаров го преживеал стрелањето, војниците се јавиле кај Цар Борис, кој им наредил да го стрелаат во глава, иако по сите правни протоколи требале да му пружат помош за да преживее”, пишува ОМО Илинден Пирин за настанот.
Крволочниот однос на Цар Борис кон Вапцаров најдобро говори дали поетот бил Бугарин како што лажно тврди Софија или бил и ќе остане во историјата како Македонец.






