„Барањето на Бугарската влада, Македонија да се откаже од грижата за македонското малцинство и во ЕУ наместо македонски јазик да се користи терминот “службен јазик на Република Северна Македонија“ е неприфатливо, геноцидно и претставува злосторството против човештвото.
Иако Советот на ЕУ донесе одлука за Македонија да почне преговори и оти изјавите на земјите-членки не можат да ја променат одлуката, загрижувачко е токму правото на вето на Владата во Софија на секое поглавје од триесет и трите“ реагира Македонското друштво „Илинден“-Тирана.
Македонското друштво „Илинден“-Тирана не се сомнева во злоупотребата на Софија на нејзините дискриминаторски и расистички барања за непостоење на македонскиот јазик и македонското малцинство, приложени во финалниот заклучок на ЕУ што ја отсликуваат намерата на Софија и солидарноста на ЕУ во продолжението на бугарскиот наци-фашизам за непостоење на Македонскиот народ во целина!, се вели во соопштението потпишано од Претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај.





