Според најновите официјални статистички податоци, највисоките просечни плати во регионот се во Словенија и Хрватска, а најниски во Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.
Според Словенечкиот институт за статистика, просечната месечна нето плата во таа земја во август годинава изнесувала 1,082 евра, итаа е единствена во регионот со просечна плата над 1.000 евра пренесува Ал џезира.
По Словенија, е Хрватска, уште една членка на Европската унија од регионот, каде што во август годинава просечната плата изнесуваше 6,264 куни или 843 евра.
Следува Црна Гора, каде што, според најновите податоци на „Монстат“, просечната плата без даноци и придонеси во септември изнесува 512 евра.
Според Агенцијата за статистика на Босна и Херцеговина, просечната месечна исплатена нето плата по вработен за септември 2018 година изнесува 877 КМ, односно 448 евра.
Според податоците на Заводот за статистика на Република Србија, просечната заработка без даноци и придонеси (нето) пресметана за август 2018 година изнесува 49.773 динари или 421 евра.
Најновите статистички податоци на Заводот за статистика на Македонија покажаа дека просечната плата во август годинава изнесувала 24.210 денари или 393 евра.




