Македонските граѓани заостануваат од Бугарите во однос на потрошувачката на жестоки алкохолни пијалаци, но се „понапред“ во тој поглед од Грците.
Според податоците на Светска здравствена организација (СЗО) за 2017 година, секој жител на Македонија годишно троши по 9 литри жестоки пијалаци во просек, колку и Србите. Бугарија е лидер во Југоисточна Европа со 12 литри по жител, пред Романија со 10, а зад Македонците се Грците со 7 литри. Далеку зад нив се Турците само со два литра. Просекот во Европска унија е 10 литри по жител.
Домаќинствата во ЕУ минатата година потрошиле вкупно 130 милијарди евра за алкохол или 0,9 проценти од бруто општествениот производ (БДП), односно повеќе од 300 евра по жител. Во вкупните расходи на на домаќинствата лани на алкохол оделе 1,6 проценти од расположливите приходи.
Податоците на Евростат покажуваат дека водечка во Европа е Естонија, каде што домаќинствата трошат 5,2 отсто од вкупните приходи за алкохол, а следуваат балтичките соседи Летонија со 4,9 отсто и Летонија со 4 отсто. Најмалку трошат Шпанија (0,8 отсто), Грција и Италија (по 0,9 отсто).
Најголема сума пари за алкохол, пак, минатата година потрошиле Германците (23 милијарди евра), Британците (22 милијарди) и Французите (21 милијарда).





